Манчевски: Предложивме кај нас да се отвори првиот Регионален центар за сајбер безбедност

Како што истакна министерот, неопходно е да се инвестира во опремувањето и јакнењето на капацитетите на луѓе, на вработените во јавната администрација, но и во бизнис заедницата, затоа што никој не е имун на сајбер нападите. Тој потеницираше дека дале предлог кај нас да се отвори првиот Регионален центар за сајбер безбедност.

68

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, е во работна посета на Лондон и Универзитетот во Оксфорд, каде е и еден од говорниците на глобалната конференција за Сајбер безбедност. Тој се обратил на панелот посветен на националниот и регионалниот прогрес во рамки на борбата со сајбер криминалот.

– Со влезот во НАТО, а наскоро и во Европската Унија, Република Северна Македонија станува се попривлечна цел за сајбер криминал. Секако, сајбер-безбедноста стана еден од клучните приоритети за Владата, особено за ресорните министерства задолжени за националната сајбер-безбедност. Комбинацијата на силна политичка волја и приоретизирање на изградбата на сајбер-безбедносните капацитети со поддршка од нашите стратешки партнери, резултираа со значајни достигнувања во изминатата година. За првпат, во инклузивен процес изработивме Стратегија и Акциски план за сајбер безбедност – рекол Манчевски.

Како што истакнал министерот, неопходно е да се инвестира во опремувањето и јакнењето на капацитетите на луѓе, на вработените во јавната администрација, но и во бизнис заедницата, затоа што никој не е имун на сајбер нападите. Тој потеницирал дека дале предлог кај нас да се отвори првиот Регионален центар за сајбер безбедност.

– Со оглед на тоа што соседните земји, односно земјите од Западен Балкан се наоѓаат на слична позиција и имаме одлична соработка и поддршка од Европската Комисија во областа на дигиталната политика, дадовме предлог во Северна Македонија да се отвори првиот Регионален центар за обуки и истражување во областа на сајбер безбедноста. Предлогот е изготвен и во тек е проценка на организациските и финансиските ресурси. Предложениот концепт за Регионалниот центар за обука и истражување на сајбер безбедноста ќе се вклопи во рамките на Технолошки парк, кој се наоѓа во Скопје – истакнал Манчевски.

Фокусот на овогодинешната конференција е градењето на глобални капацитети за сајбер безбедност, во наредните пет години. Главни прашања кои се отвориле на конференцијата се: Кои се новите закани? Со кои предизвици ќе се соочат државите? Колку државите имаат капацитет да обезбедат сајбер безбедност и како тоа ќе резултира врз градењето на капацитетите за борба со сајбер криминалот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...