Законот за царинска тарифа се усогласува со европскиот

Со измените се создаваат услови за примена на еднообразната царинска тарифа што ќе почне да се применува со новиот систем за обработка на царински и акцизни документи.

304
eu-carina-rampa granica viza

Владата го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа со кој се обезбедува правна основа за еднообразна примена на царинската тарифа.

Со предложените измени и дополнувања на овој закон се овозможува примена на европското законодавство. При тоа се усогласуваат стручните називи на производите со повластена стапка на ДДВ и други мерки поврзани со увоз и извоз.

Истовремено измените се создаваат услови за примена на иста царинска тарифа. Ова ќе почне да се применува со новиот систем за обработка на царински и акцизни документи.

За законските измени треба да расправа и Собранието .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...