Ердоган: Турција е подготвена за нови воени операции во Сирија

Изјавата на Ердоган следи откако Генералштабот на Вооружените сили на Турција денеска соопшти дека турската армија и силите на бинтовничката Слободната сириска армија, која ја има поддршката на Анкара, воспоставиле целосна контрола над реонот на Африн во северна Сирија

170

Турција е подготвена да спроведе нови воени операции во регионите на Сирија долж турската граница, изјави денеска во Самсун турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Неприфатливи се повиците за ограничување на антитерористичките операции во реоните во Сирија западно од реката Еуфрат. За Турција не е битно каде дејствуваат терористите, ние сме подготвени да направиме се за нивно уништување – додаде Ердоган,

Изјавата на Ердоган следи откако Генералштабот на Вооружените сили на Турција денеска соопшти дека турската армија и силите на бинтовничката Слободната сириска армија, која ја има поддршката на Анкара, воспоставиле целосна контрола над реонот на Африн во северна Сирија, во рамки на операцијата „Маслиново гранче“.

Турската армија заедно со сојузничките сириски бунтовнички групи на 20 јануари почна воена операција против Силите за заштита на народот во реонот на Африн. Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Според Анкара, со операцијата „Маслиново гранче“, Турција сака да спречи создавање на „терористчки коридори“ во Сирија и да ги спаси луѓето кои „се угнетени од терористчки организации“.

Ердоган уште во понеделникот изјави дека по освојувањето на Африн, операцијата „Маслиново гранче“ ќе продолжи и кон другите градови во Сирија што се под контрола на вооружените групи на сириските Курди.

– Сега ние ќе го продолжиме процесот на целосно уништување на коридорот составен од Манбиџ, Кобане, Тел Абијад, Рас ал Ајн и Камишли – изјави тогаш Еродган.

Во денешното обрачање во Самсум, Ердоган нагласи дека жителите во повеќе сириски градови, пред се во Манбиџ, Тел Абијад и Рас ал Ајн барат таму да дојде турската армија.

Тој се осврна и на обвинувањата, пред се од западите земји, дека Турција ја освојува Сирија.

– Никој нема право да тврди дека Турција ја освојува Сирија, Западот е тој што се појавува како освојувач- додаде Ердоган.

Според податоците на турската Армија, во рамки на воената операција во Сирија биле „неутрализирани 3.733 терористи“. Армијата прецизира дека под поимот „неутрализирани“ подразбира „терористи кои се предале, биле убиени или заробени“.

Во исто време, за време на операцијата „Маслинова грнче“ загинале и 47 турски војници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...