Слабејте со целер, намалете го притисокот, холестеролот,…

Целерот го намалува холестеролот и болките кај артритис, помага за слабеење, го детоксифицира телото и го намалува крвниот притисок, но и натаму не е многу популарен зеленчук. А и како да биде, кога оној вид кој е најсоодветен за грицкање, чини како суво злато

541

Воден, крцкав и зелен, целерот е еден од оние зеленчуци кои ги јадеме само ако се прекриени со едно чудо сос или откако ќе го свариме, ретко кој го јаде секојдневно, во сирова форма.

Веројатно сте слушнале дека целерот го согорува вишокот килограми, но сепак, за сите кои ги бројат калориите, целерот сѐ уште не стана т.н. „посакувана храна“.

Секако, можеби немањето навика да се грицка целер се должи и на тоа што пред 20-30 години, додека низ светот гостите ги пречекуваа со порција свеж сос и стапчиња свеж целер, нашите мајки го ставаа само во супа. А денеска пак, оној вид кој е најсоодветен за грицкање, чини како суво злато. Но и тоа не е оправдување.

Значи, нашите корени со не толку „претставителни“ стебленца, се сепак добри за вас и има начини на кои можете да ги јадете свежи. Коренот можете да го изделкате или да го изрендате, а и стебленцата, иако не се како оние долгите кои се продаваат без корен, но се многу поскапи, сепак можете да ги грицкате такви какви што се.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...