Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја „поздрави” одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита својата идеја за целосно повлекување на американскиот контингент, распореден во Сирија, и за зачувување на околу 200 војници, јави дописникот на МИА.
– По одлуката на САД, можам само да му честитам за таквиот избор, изјави шефот на француската држава на прес конференција во Елисејската палата, заедно со неговиот ирачки колега, Барам Салех.
– Тоа се совпаѓа со потребата да останеме со Сириските демократски сили и оние кои на теренот работеле во борбата против Исламска држава, додаде Макрон.
Тој оцени дека американската одлука е добра, нагласувајќи дека „неговата земја ќе продолжи во рамки на коалицијата да дејствува во регионот“.