Децата на овој карвинг мајстор, јадат со мерак и брокула и карфиол и лубеница и тиква

Меди Ислам е 44.годишен готвач, сопруг и татко на три деца кои ги научил на здрава исхрана благодарение на својата умешност за карвинг, односно, резбање овошје и зеленчук. Изработува фантастични фигури и секојдневно им вдахнува живот на тиквите, лубениците, компирите, карфиолот и сѐ друго што ќе му дојде во рака

461

Четириесет и четиригодишниот шеф Меди Ислам веќе 22 години живее во големиот Истанбул кадешто дошол од родното село Канатларци, кај Прилеп. Женет е и има три деца, 16-годишен син и две ќеркички,една од 8, а другата од 1 ипол година.

Завршил средно училиште во Охрид, а за да стане готвач го инспирирал неговиот зет за сестра кој работел како готвач. Меди се нашол себеси во професијата, па почнал да готви уште додека бил во војска, во Ѓорче Петров, а потоа и во Генерал-штабот на македонската армија.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...