Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) денеска од 20.30 до 21.30 часот ќе го исклучи електричното напојување на осветлувањето на фасадата на Дирекцијата во знак на поддршка на глобалната акција „Час на планетата Земја“.
На овој начин МЕПСО ќе ја поддржи глобалната акција „Час на планетата Земја“, која поттикнува рационално користење на електричната енергија и оптимално користење на природните ресурси.
Глобалната акција „Час на планетата Земја“ е глобален граѓански и корпоративен активизам за подигање на свеста за намалување на биодиверзитетот во светски рамки.
Годинава акцијата се манифестира преку симболично исклучување на осветлувањето со цел да се испрати симболична порака за спас на планетата Земја, за запирање на климатските промени и за ризикот од намалување на биодиверзитетот.
И оваа година над 80 локации потврдени низ целата територија на земјава ќе потонат во едночасовен мрак, за поддршка на еколошката акција „Часот на планетата Земја“.