Калапите за мафини се вистинско чудо. Што и да печеме во нив никогаш не можеме да ги искористиме максимално. Обично правиме во нив слатки мафини, но и мали проички.
Овие нашиве се по стариот добар рецепт, но со нови додатоци. Во едните додадовме сечкана жива туршија (краставички, карфиол, морковчиња), а во другите – младо лукче и магдонос.
Но во мафин-калапите можат да се направат и многу други нешта. Според некои записи, првите калапи за мафини ги направил Хари Пан уште во далечната 1770. година. Веруваме дека и самиот би се шокирал кога би видел за што сѐ денеска се користат овие калапи.
На пример, во калапите за мафини можете да испечете јајца.
Во секоја „мафин-дупка“ ставете по едно јајце и во рерна загреана на 200 степени печете ги 10-15 минути. Можете да направите и кајгана такашто ќе ги измешате јајцата со своите омилени комбинации – со спанаќ, пиперки, печурки, младо кромитче, шунка, сланина…Ја ставата смесата во местата за мафини, до пола, и ставате да се пече во рерна 15 минути.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.