Трамп: Хилари Клинтон беше во дослух со Русите

105

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја обвини својата ривалка на изборите во 2016 година, тогашната кандидатка на демократите Хилари Клинтон, дека била во дослух со руските власти.

– Единствен дослух со Русите имаша расипаната Хилари Клинтон и Демократскиот национален институт, напиша Трамп на Твитер.

Американските разузнавачки служби ја обвинуваат Русија за наводно мешање во предизборната кампања во 2016 година.

Трамп минатата година, зборувајќи за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД, наведе дека „мора да ја прашаат Хилари Клинтон за Русија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...