Едно лице е повредено денеска, при напад врз Мисијата на ЕУ во Мали, чија задача е зајакнување на способноста и обука на малиската Армија.
Како што соопшти претставник на Вооружените сили на Мали, цел на нападот бил кампот за обука „Коуликоро“, при што е ранет еден малиски војник.
Мисијата на ЕУ на Твитер објави дека при нападот не е повреден ниту еден од членовите на нејзиниот персонал.
Досега никој не презеде одговорност за нападот, но се претпоставува дека тој е дело на локалните џихадисти, кои често спроведуваат акции против припадниците на странските мисии и меѓународните сили во Мали.
Вчера, при напад врз припадници на Мировната мисија на ОН во Мали, загинаа тројца војници од Гвинеја.