Турскиот Парламент денеска за свој нов претседател го избра Мустафа Шентоп, пратеник од редовите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
За изборот на Шентоп гласаа 336 од вкупно 600-те членови на Големото национално собрание на Турција.
Шентоп, кој по професија е правник, е 29-от претседател на турскиот Парламент и на функцијата ќе го наследи Бинали Јилдирим,
Досега Шентоп беше еден од четворицата потпретседатели на Собранието.
Во исто време, за нов потпретседател на Парламентот, на местото на Шентоп, е избарн неговиот сопартиец Суреја Сади Билгич.