Авионот 747 на компанијата Биман Бангладеш Ерлајнс со 142 патници полетал од главниот град Дака кон Дубаи. За сега неидентификуван маж во еден момент извадил оружје и се обидел да влезе во пилотската кабина.
Набргу авионот бил принудно приземјен во градот Читагонг во Бангладеш .
Повеќето патници биле евакуирани , но киднаперот останал внатре со еден член на екипажот.
Сите патници се на сигурно , соопштуваат од авиокомпанијата.