Косовскиот претседател Хашим Тачи верува дека спогодбата за сеопфатна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е можно да се постигне оваа година.
– Не станува збор за нешто од кое двете страни можат да изгубат, туку можат само да добијат и да напредуваат во процесот на евроинтеграции – истакна Тачи.
Синоќа, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини во Брисел, Тачи изјави дека разговорите биле конструктивни и се однесувале на веќе постигнатите договори, нивната имплементација и следните чекори