Именувана првата жена амбасадор на Саудиска Арабија

87

Со кралски указ, објавен денеска, Саудиска Арабија го замени својот амбасадор во Вашингтон и на негово место ја именуваше принцезата Рима бинт Бандар. Таа ќе го замени досегашниот амбасадор, принцот Калед бин Салман, брат на моќниот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман. Досегашниот амбасадор е именуван за заменик министер за одбрана.

Принцезата Рима бинт Бандар е првата жена амбасадор на Саудиска Арабија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...