Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со воз тргна кон главниот град на Виетнам, Ханој, каде за четири дена треба да им има втората средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Блиндираниот воз заминал од Пјонгјанг околу 5 часот по локално време, а се очекува во Ханој да пристигне за 48 часа.
Виетнамското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Ким пред Самитот ќе претстојува во „пријателска посета” на таа земја, но не се соопштени други детали околу неговиот престој таму.
Возот на Ким ќе патува до границата со Виетнам до местото Донг Данг, од каде до Ханој ќе продолжи со автомобил, поради што локалните власти најавија затворањето на патиштата.
Самитот на Трамп и Ким е закажан за 27 и 28 февруари.
Фото: EPA-KOREA-SUMMIT-PRESS-POOL