Демократите со резолуција за суспендирање на вонредната состојба во САД

202

Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска претставија резолуција со која се бара суспендирање на вонредната состојба во земјата, што минатата недела ја прогласи претседателот на САД, Доналд Трамп за може да го изгради ѕидот долж американската граница со Мексико.

На овој предлог на демократите, Трамп може првпат во својот мандат да го искористи правото на вето.

Медиумите проценуваат дека ветото на Трамп нема да наиде на отпор, но потоа поддршката на републиканците за претседателскиот потег ќе се преиспита.

Некои републиканци сметаат дека потегот на Трамп е претеран и дека претставува „шлаканица“ на конгресмените за контрола над буџетот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...