Еквадор погоден од земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала

72

Силен земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Еквадор, соопшти Американскиот геолошки институт.

Земјотресот бил на 224 километри од Амбата.

Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Последниот голем земјотрес во Еквадор со интензитет од 7,8 степени се случи во 2016 година, при што загинаа 676 луѓе, а 16.600 беа повредени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...