Премиерот Зоран Заев ќе бара одговорност од функционерите доколку од страна на сите надлежни институции се докаже дека имало вмешаност или влијание при вработувања во државните институции.
Заев, како што рече, ќе бара одговорност од функцкионери дококу Антикорупциската комисија открие дека имало вмешаност или влијание при вработувањата.
– Ако Антикорупциска или која било друга институција покаже и докаже дека имало вмешаност, кршење на законот, судир на интереси ќе барам директна одговорност – изјави Заев.
Заев рече и дека пораката е упатена до сите функционери.
– Оставам секој сам да си ја носи одлуката, своите чувства и одговорност, пред се етичкиот однос е многу важен. Затоа пораката ја испратив до сите – рече Заев.
Тој подвлече дека фокусот мора да биде на еднаквоста на граѓаните пред институциите на системот.
– Очекувам таму каде што етичкото чувство не е исполнето да се повлечат чекори, но истовремено очекувам пред законот сите граѓани да имаат еднакви шанси -рече Заев.
Тој ги поздрави етичките одлуки на сите јавни функционери.
-Без разлика дали се од извршната власт или од која било друга власт: собраниска, судска или локална, кои ќе преземат ваков чекор, затоа што не мора нешто да е кривично дело. Етичкиот однос, исто така, е важен постулат по кој треба да се водиме и да испраќаме пораки на примери што се неопходни за севкупниот развој во Република Северна Македонија – рече Заев.