РЕК Битола од денеска ќе го исклучи Блок 1 кој повторно ќе биде вклучен во мрежата в понеделник, соопшти ЕЛЕМ
Исклучувањето е заради зајакнување на неговата оперативност.
Од ЕЛЕМ додаваат дека производството на електрична енергија продолжува од останатите два блока на РЕК Битола.
– Целокупните потреби од електрична енергија во периодот додека Блок 1 е исклучен, АД ЕЛЕМ ќе ги задоволи и од хидроенергетскиот потенцијал, како и останатите производствени капацитети на компанијата – наведуваат од АД ЕЛЕМ.