Царина на Косово: За три месеци – 120 милиони евра помал увоз од Србија и Босна

154

Генералниот директор на Царината на Косово Бахри Бериша изјави дека за три месеци од воведувањето на таксата од 100 отсто на производите од Србија и Босна и Херцеговина, увозот во Косово од овие две земји е намален за 120 милиони евра.

– Ако ја погледнеме евиденцијата за 100 дена, може да забележиме дека имало помалку увоз за 120 милиони евра. Од Србија помалку за 100 милиони, додека од БиХ за 20 милиони евра помал увоз – изјави Бериша.

Според информациите од косовската царина, производите од Србија се заменети со производи од Албанија, Северна Македонија, но и други држави, како што е случајот со Канада, од каде сега се увезува пченица, пренесува Ал Џезира Балкан.

Според податоците на царината, во Косово во изминатите години легално е увезена стока во вредност до 500 милиони евра.

Косовските претприемачи оценуваат дека воведувањето такси за стоката од Србија и БиХ многу позитивно влијаело на зголемување на производните капацитети и вработување нови работници, додека истовремено, трговците се жалат дека стоката од Србија, која ја имаат во продажните објекти се продава значително помалку од претходно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...