Граѓаните ќе предлагаат закони во Парламентот во Италија?

37

Претставничкиот дом на италијанскиот Парламент, во кој доминираат пратениците на популистичкото Движење 5 ѕвезди и десничарите од антиимигрантската Лига, вчера усвои нацрт-закон, кој им овозможува на граѓаните да предлагаат закони, а таа можност до сега не постоеше.

Усвоениот нацрт-закон предвидува, предлог-законот по граѓанска иницијатива, кој ќе собере најмалку 500.000 потписи, треба да биде одобрен во рок од 18 месеци од страна на Парламентот, кој во него не може да направи важни промени.

Ако Парламентот не го усвои во рокот или ако значително го измени, се организира референдум.

Законот ќе се смета за усвоен во својата изворна форма ако се изјаснат повеќе од 25 проценти од избирачите и ако „да“ победи на референдумот.

Во моментов, италијанскиот Устав предвидува само поништување на референдум, со кој се бришат закони целосно или делумно, со кворум од 50 отсто плус еден гласач.

Овој нацрт-закон, кој менува двата члена од Уставот, треба да помине пред Сенатот, а потоа да се врати во Претставничкиот дом за повторно да биде претставен во Сенатот.

Сите измени на италијанскиот Устав бараат одобрување од двата дома на Парламентот.

Оваа идеја за законодавна иницијатива на граѓанинот или референдум е адут на Движењето 5 ѕвезди, на кое директната демократија или вклученоста на граѓаните во процесот на донесување одлуки, му беше еден од приоритетите за време на последната изборна кампања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...