По тужбите кон студиото Амазон, Вуди Ален работи на нов филм во Барселона

173
ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND

Само неколку недели по тужбите кон студиото Амазон поради четири откажани филмски проекти, режисерот Вуди Ален веќе работи на нов филм во Барселона, Шпанија.

Наводите се потврдени и од шпанското студио Медијапро, за коешто сега Ален работи. Тие ги продуцираа и неговите претходни филмови „Вики, Кристина, Барселона“ и „Полноќ во Париз“.

Еден од новите проекти е насловен „A Rainy Day in New York” и тој е во постпродукција. Но, од Амазон одбиле да утврдат датум на премиера.

Шефицата на компанијата за „Њујорк тајмс“ потврди дека нема да дистрибуираат филмови од Вуди Ален.

Причините за откажувањето на проектите од страна на Амазон, се обвинувањата дека Ален ја сексуално ја злоупотребувал својата посвоена ќерка Дилан Фароу во 1992 година. Од компанијата соопштија и дека соработката со озлогласениот Харви Вајнстин во минатото веќе им донела нарушување на угледот.

ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...