Северна Кореја согласна да преговара со јужниот сосед

Сеул информира дека официјален Пјонгјанг се согласил на средба со јужнокорејски функционери, како подготовка за внатрешнокорејски самит во април.

84

Северна Кореја се согласи да учествува на преговорите на високо ниво меѓу двете Кореи на 29 март во пограничното село Панмунџом, соопштија денеска јужнокорејските власти.

Сеул информира дека официјален Пјонгјанг се согласил на средба со јужнокорејски функционери, како подготовка за внатрешнокорејски самит во април.

Во соопштението од Министерството за обединување на Јужна Кореја се наведува дека Северна Кореја известила дека трочлената делегација ќе ја предводи претседавачот на Комитетот за мирно обединување Ри Сон Гвон.

„Утрово Северна Кореја испрати порака по комункацискиот канал и се согласи со нашиот предлог, кој го изнесовме на 22 март, за одржување внатрекорејски преговори на високо ниво“, се наведува во соопштението на јужнокорејското Министерство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...