Прифатени барањата на производителите на јаболка

МЗШВ интензивно работи на изнаоѓање на нови пазари за јаболкото но и за другите земјоделски производи и дека се во тек преговорите за извоз на македонското јаболко во Египет. 

386

Производителите на јаболка ќе ги добијат субвенциите за одржување на овошни насади до крајот на март додека дополнителната субвенција од три денари од Програма за 2018 ќе ја добијат до крајот на јуни. За третото барање на овоштарите за дополнителната мерка од три денари за предадено индустриско јаболко  дополнително ќе се прави анализа и до први март ќе се донесе решени.

Ова денеска го договориле претставници на Министерството за земјоделство и  јаболкопроизводителите.

–  Во врска со времената мерка што заврши на 25 декември лани, калкулациите беа тие три денари по килограм за предадено индустриско јаболко, да се трансформираат во субвенциите по хектар.Затоа во новата Програма за 2019 година, субвенциите за одржување на насади се зголемени од 39.000 денари по хектар на 50.000 денари, со тоа што имаат дополнителни 15 отсто за подрачја со ограничнеи можности над 700 метри надморска височина, а Ресен влегува во таа категорија, и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар. Тоа е прифатено и поздравено од овоштарите – изјави шефот на кабинет на МЗШВ, Трајан Димковски.

Димковски посочи дека МЗШВ интензивно работи на изнаоѓање на нови пазари за јаболкото но и за другите земјоделски производи и дека се во тек преговорите за извоз на македонското јаболко во Египет.

Претседателот на работната група на овоштарите, Менде Ивановски изјави дека состојбата на терен е лоша, но дека се задоволни што има разбирање за решавање на нивниот проблем од страна на МЗШВ.

–  Се договоривме во следните денови да имаме интензивни разговори и до 1-ви март да излеземе со конкретни предлози. Тогаш ќе дојдеме до едно решение како да опстојат овоштарите. Во овој момент се откупува мала количина од околу 200 тона на ден и претежно извозот оди за Русија, Ирак и Бугарија – изјави Ивановски.

Од воведувањето на дополнителната мерка од три денари за килограм индустриско јаболко досега се откупени 45.000 тони индустриско јаболко, а претходно во просек се откупуваше од 15.000-20.000 тони, што значи дека мерката дава ефект. Од овие 45.000 тони, околу 15.000 тонис се за домашен пазар, а остатокот е извезен.

Димковски посочи дека МЗШВ интензивно работи на изнаоѓање на нови пазари за јаболкото но и за другите земјоделски производи и дека се во тек преговорите за извоз на македонското јаболко во Египет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...