Конфедерацијата на синдикати и од Кичево ќе побара усогласување на платите

Според КСС, само 10 отсто од вработените во јавниот сектор се на раководни функции и тие земаат плата поголема од просечната плата, а останатите 90 отсто земаат плата пониска од просечната.

94

Конфедерацијата на слободни синдикати во сабота ќе протестира во Кичево каде што ќе ги повтори барања за усогласување на платите со минималната плата, за исплата на К-15 во јавниот сектор и да не се прави трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор.

– Владата што поскоро да ги разгледа нашите барања кои се во согласност за законите, а во спротивно не само што ќе организираме протести, туку ќе го радикализира своето делување. Притисокот од нашето членство е се поголем и бара веднаш да се пристапи кон генерален штрајк -рече претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.

Според Ралповски, само 10 отсто од вработените во јавниот сектор се на раководни функции и тие земаат плата поголема од просечната плата, а останатите 90 отсто земаат плата пониска од просечната.

Во однос на вработувањата на блиски лица на функционерите во јавниот сектор, од КСС велат дека се против ваквите вработувања и предлагаат доколку има превработеност во јавната администрација, да се замрзнат вработувањата со што за околу три години со одењето во пензија, би се намалил бројот на вработени во администрацијата за околу 20 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...