САД: Изјавите на Путин се продолжение на руската пропаганда

101
ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

САД како пропаганда ја оценија изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Москва ќе одговори соодветно на секое ново поставување на американски нуклеарни ракети во близина на Русија.

САД сметаат дека тоа е пропаганда, која има за цел да го пренасочи вниманието од руското кршење на Договорот за уништување на ракети од среден и краток дострел (ИНФ).

– Изјавите на претседателот Путин се продолжение на руската пропаганда, со цел да се избегне одговорноста за руското кршење на ИНФ – изјави портпаролка на американскиот Стејт департмент.

САД на 1 февруари објавија дека ќе се повлечат од ИНФ, повикувајќи се на руското кршење на овој договор од 1987 година.

ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...