Меј тврди дека е постигнат напредок во врска со „цврстата граница” меѓу Северна и Република Ирска

69
ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

По состанокот во Брисел со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, британската премиерка Тереза Меј изјави дека е постигнат напредок по прашањето за „цврстата граница” меѓу Северна и Република Ирска, кое го кочи договорот за Брегзит.

Премиерката наведе дека, сепак, времето истекува за да може неопходните промени да се „зацементираат”.

– Времето е од најголема важност, а во интерес на двете страни е кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ тоа да биде на организиран начин. Така што, имавме напредок – рече Меј.

ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...