Протест на француските Жолти елеци пред ОН во Женева

44

Најмалку 600 француски Жолти елеци денеска се собраа во Женева пред европското седиште на Обединетите нации за да ја осудат бруталноста на француската полиција.

Протестите на Жолтите елеци почнаа во ноември поради зголемување на данокот за гориво и високите трошоци за живот, по што прераснаа во општ револт против претседателот Емануел Макрони.

Организаторот Николас Молиер рече дека демонстрантите се надеваат дека ќе го привлечат вниманието на претставниците на Обединетите нации.

– Франција мора да одговара. Некои жртви изгубија око, некои рака или стапало, рече Молиер.

Протестите на Жолтите елеци понекогаш беа обележани и со насилство. Според резултатите на анкетата што ја направи „Елабе“, а беа објавени минатата недела, 56 отсто Французи сакаат неделните протести да завршат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...