Нема докази дека напаѓачот од Марсеј бил терорист, но имал психички проблеми

126

Не постојат докази дека напаѓачот од Марсеј бил радикализиран или бил терорист, истакна денеска обвинителот на Марсеј, по смртта на 36-годишното лице, убиено од полицијата откако нападна минувачи со нож, јави дописникот на МИА.

Обвинителот на Марсеј, Ксавиер Тарабо истакна дека напаѓачот имал психички проблеми, како и криминално досие.

Карим Лашехеб вчера нападна четири лица на прометна улица во францускиот град Марсеј, по што полицијата го застрела напаѓачот, нанесувајќи му сериозни повреди, на кои тој подоцна им подлегнал во болница. Сите повредени не се во животна опасност.

Лашехеб првпат осуден во 2005 година на 15 години затвор за убиството на неговиот татко. Ослободен во 2017 година, тој повторно беше условно осуден во мај 2018 година поради смртни закани кон членови на семејството. Од јануари годинава по Лашехеб беше распишана потерница бидејќи не ги исполнувал условите за неговата условна казна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...