Движењето за анти коцкање побара од Заев и Тевдовски да нема казина до училиштата и зградите

683

Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска примија делегација на Движењето анти коцкање од Тетово.

Претставниците на Движењето доставиле барања според кои обложувалниците и казината треба да бидат дислоцирани од непосредната  близина на училиштата и зградите за станбено домување, како и барања да се обезбеди начин со кој дел од приходите на објектите за игри на среќа би се намениле за поддршка на програмите на локалните заедници.

Заев и Тевдовски, пак, нагласиле дека Владата со внимание ги следи дебатите на оваа тема и дека надлежните институции темелно ќе ги анализираат аргументите на Движењето Анти коцкање, особено заради фактот што грижата што произлегува се однесува на децата и младите. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...