Начинот на кој се пораѓаат жените во Англија, не би им се допаднал на Балканките

Хрватскиот професор Жарко Алфиревиќ веќе 25 години работи во Велика Британија како гинеколог и тврди дека во британскиот здравствен систем кога станува збор за негата на трудниците, за разлика од здравствениот систем во Хрватска, па и во останатите балкански држави, главниот збор го водат бабиците

1935

Хрватот Жарко Алфиревиќ дипломирал на Медицинскиот факултет во Загреб во 1984, а во 1989.година, со стипендија на Бритиш Каунсил, отишол на усовршување во Ливерпул кадешто останал до денес.

Тој е шеф на Клиниката за гинекологија и педијатрија на Медицинскиот факултет во Ливерпул, и ја извршува својата клиничка дејност во ливерпулското родилиште, едно од најголемите во Европа. Неодамна е избран за претседател на Академскиот собир на Кралското здружение на гинеколози на Велика Британија.

Многумина ќе бидат изненадени од мојата споредба на британскиот и хрватскиот здравствен систем кога станува збор за негата на трудниците. Сметам дека најголемата разлика доаѓа од односот помеѓу лекарите и бабиците. Имено, во британскиот систем нема гинеколог со општа пракса и приватни гинеколози кои се грижат за здравите трудници. Сето тоа го прават бабиците кои спроведуваат антенатална заштита, го водат породувањето, шијат епизиотомија и ја спроведуваат негата после породувањето, виклучувајќи ја тука и грижата за доењето. Не само во болница, туку и дома. Болницата во која работам, со повеќе од 8.300 породувања годишно, вработува околу 300 бабици кои се интегрален дел од нашиот тим. Тоа им овозможува на повеќето трудници да имаат континуирана нега, а во болницата доаѓаат само во случај на тешки компликацииПовеќето здрави трудници поминуваат помалку од еден ден во болницата после породувањето, а гинеколог воопшто и не гледаат. Нам, на докторите тоа ни овозможува да се занимаваме само со вистинска патологија и да бидеме експерти во своето подрачје, затоа што не сме оптоварени со грижата за здрави жени“, пишува професор Алфиревиќ за „Утрински“.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...