Дополнителни проверки на брашното кое се извезува од земјава во Косово, се причина за застојот регистриран на царината. Косовските власти проверуваат дали се врши реекспорт на српско брашно од земјава. Министерот за економија Крешник Бектеши потврди дека проблем постои за што веќе разговарал со производителите на брашно во земјава и стапил во контакт со колегата од Косово.
– Добив уверување од косовскиот колега дека проблемот ќе биде разрешен за неколку дена. Ние се грижиме за секој сектор што покажува и фактот дека заедно со министерот за земјоделство кога се воведе царина стапивме во контакт и го решивме проблемот – рече Бектеши.