Состојбата со јаболката во Преспа утре ќе се разгледува на средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое веќе направило анализа на терен за количината и квалитетот на јаболкото за да може да се најде решение со кое ќе се реагира, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Како едно од подолгорочните решенија на проблемот Николовски го најави извозот во Египет за што се разговара со министрите од Египет за олеснување на царините.
– На производителите веќе им се исплатени 2,5 милиони евра за штетите од 2017 година, дека субвенциите се исплаќаат согласно роковите и дека се откупени дополнителни 50 илјади тони јаболка, а дополнителни 4 милиони евра се предвидени за инвестиции во преработувачки капацитети – рече Николовски.
Според него, целта е да се фокусираат на квалитетно производство.