Спорот за името со Грција се реши, почнува нов – за мусаката

Нашата обична мусака со компири и мелено месо на крајот е прелиена со матени јајца со јогурт и ситно сечкан магдонос и украсена со неколку парчиња тврдо, биено сирење (инаку, оригинален македонски производ), кои откако малку ќе се растопат изгледаат како меки, бели облачиња. Вкусот е одличен, мусаката изедена, а кој нема попаметна работа, нека трага по нејзините „идејни“ творци.

1110

Само што се реши спорот околу името, Грција и Македонија влегоа во нов конфликт – оној околу мусаката, пишуваат светските медиуми (турскиот HaberlerTimes,…)

Според пишувањето на Тајмс, Грците биле шокирани кога виделе дека на Саемот за храна кој е одржан во Германија, се послужувала мусака под знамето на Македонија.

Анастасис Пајпетис, сопственик на еден грчки ресторан, останал во неверица кога здогледал дека е мусаката изложена во рамките на националната кујна на Македонија.

Тие ја промовираат мусаката како македонско јадење. Но не е само тоа, тие со неа служат грчки јогурт и кафе како да се нивни производи“, изјавил Пајпетис, кој ги алармирал грчките медиуми.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...