За црвената зелка веќе знаеме дека има големи нутритивни вредности, поголеми од оние на зелената зелка. На пример, црвената зелка задоволува дури 85 отсто од нашите дневни потреби за витамин Ц, за разлика од зелената зелка која задоволува 47 отсто од дневните потреби за овој исклучително важен витамин.
Инаку, црвената зелка е побогата со витамин Ц и од самите портокали.
Таа спаѓа помеѓу алкалните намирници кои одржуваат здрави pH вредности во организмот и штитат од воспалителни процеси, рак и други тешки заболувања. Оваа суперздрава намирница чија прекрасна виолетова боја укажува на богатство на антоцијанини, содржи тиамин, фолати, калциум, манган, магнезиум, железо и калиум, витамини Ц, А, Е и К, диетални влакна и витамини од групата Б.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.