Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша декрет со кој му наредува на Пентагон да подготви план за изработка на закон за весленски сили, како шести род на Вооружените сили на САД.
– Мораме да бидеме подготвени. За мојата Администрација формирањето на веселнските сили е прашање на националната безбедност – изјави Трамп по потпишувањето на указот, додавајќи дека денес „американската лидерска позиција во Вселената е важна како никогаш досега“.
Задача на вселенските сили, според планот на Трамп, ќе биде заштита на американските сателити во Вселената од секаков физички напад, судир со други објекти или прокетили и од каков било обид за пиратерија или пречки, но и развој на офанзивни капацитети.
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS