Брисел нема да и дозволи на Владата на Полска „да врши притисок врз судиите“ во земјата

70

Европската комисија се закани дека ќе преземе казнени мерки против Полска, објави „Еуроњуз“.

Изданието наведува дека потпретседателот на Еврокомисијата, Франс Тимерманс најавил дека Брисел нема да и дозволи на Владата на Полска „да врши притисок врз судиите“ во земјата.

Тимерманс, кој е одговорен за следење дали земјите на ЕУ го почитуваат владеењето на правото, реагира на веста од Полска, дека Владата сакала објаснувања од судии, кои се консултирале со Судот на Европската унија во Луксембург, дали промените во законите на Полска, кои ги бараат политичарите не се во спротивност со правилата на ЕУ.

– Секој полски судија и е и европски судија. Никој нема право да му попречува да се консултира, Ако судиите се предмет на дисциплинска постапка, бидејќи прашале некого во Луксембург, Комисијата ќе интервенира – изјави Тимерманс. 

Во моментов, против Полска во тек е процедура за непочитување на одлуките на Европската комисија.
Резултатот од неа може да биде одземање на правото на глас на Полска во Европската унија

Инаку, ЕУ покрена законска процедура против Полска поради новиот закон за полскиот Врховен суд. Европската комисија наведе дека мерките во рамки на законот се во спротивност со принципот за независност на Судот и побара негово повлекување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...