Седум деца загинаа во пожар во куќа во Канада, соопшти канадската полиција.
– Се претпоставува дека жртвите се мали деца од едно семејство. Мажот и жената остануваат во болница, се наведува во соопштението од полицијата.
Телевизискиот канал Си-Би-Ес јави дека децата се членови на едно семејство и дека се сириски бегалци.
Еден сосед изјавил дека слушнал експлозија пред да избувне пожарот во куќата.
Започната е истрага за утврдување на причините за пожарот.