Американскиот разурнувач „Доналд Кук“ се наоѓа во теснецот Дарданели и го почна својот пат кон Црното море, соопшти прес-службата на американската Шеста флота.
Движењето на американскиот брод го следи бродот „Питливи“ на руската Црноморска флота.
– Разурнувачот „Доналд Кук“ го почна својот пат низ Дарданелите кон Црното Море, за да спроведе поморска безбедносна операција и да ја зајакне регионалната поморска стабилност, како и подготвеноста и морнаричките способности заедно со партнерите на НАТО и сојузниците во регионот, се наведува во соопштението.
Крајната дестинација на бродот сѐ уште не е позната.
„Доналд Кук“ е вториот американски воен брод кој ќе плови низ Црно Море од почетокот на февруари.
Пред него, десантниот брод „Форт Мекхенри“ превезуваше маринци во Грузија.