Се повлече мајката на Костадин Костадинов, другите чекаат втора опомена од премиерот

Костадинов денеска изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место иако сѐ било законски. Сепак, како што изјави, ова е морален чин.

1314

Првото повлекување од работното место по најавата на премиерот Зоран Заев дојде од мајката на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Костадинов денеска изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место иако сѐ било законски. Сепак, како што изјави, ова е морален чин.

Тој не откри каде ќе работи сега неговата мајка, но вели дека нема да биде во државна институција.

Фанија Костадинова беше вработена во Централен регистар во Струмица.

Најголем број вработувања по роднинска основа(6) има во ЕЛЕМ и неговиот дел РЕК Битола, но од оваа државна компанија до сега никој не се повлекол од работното место. Таму се вработени ќерката на спикерот Талат Џафери, Бесија Џафери, сестрата на министерот за култура Асаф Адеми, Хидрете Алили, потоа синот Виктор и братот Цветан Велевски на пратеничката Мира Стојчевска. Меѓу вработените во фирми поврзани со ЕЛЕМ е и дедото на пратеникот Александар Кирацовски како и сопругот на државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска,Љубисав.

Од компанијата за Плусинфо изјавија дека до правната служба сѐ уште нема доставено никакво известување дека се бара оставка од работното место.

Премиерот Зоран Заев ги повика роднините на функционерите да се повлечат од работните места, а министерот за информатичко обпшество Дамјан Манчевски денеска изјави дека токму денеска ќе бидат обзнанети првите повлекувања.

Во меѓувреме, антикорупциска ги проверува вработувањата на 18 роднини на функционери дали имало влијание и судир на интереси.

На листата за ревизија се вработувањата и унапредувањата се и Надица Делкова, сопруга на градоначалникот на Неготино, потоа синот на пратеникот Горан Мисовски, сестрата на министерот за економија, Крешник Бектеши, вработен во МЕПСО, за вработувањето на сопругата на градоначалникот на општина Берово, сестрата на пратеникот Александар Кирацовски, унапредувањето на сопругот на пратеничката Мира Стојчевска.

Ќе се врши проверка како е вработен и синот на пратеничката Милева Ѓорѓиева, потоа работното место на сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ, ќерката на пратеничката Емилија Александрова, внуката на градоначалникот на општина Прилеп.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...