Еврејски гробишта во близина на Стразбур биле осквернети во текот на изминатата ноќ, јави дописникот на МИА.
– Чувствувам длабока тага откривајќи дека синоќа гробовите на еврејските гробишта на Катценхајм, кои се наоѓаат тука од 1795 година, биле осквернети и покриени со свастики – се вели во соопштението на пратеникот Силван Васерман, кој е и потпретседател на француското национално Собранието и поранешен градоначалник на Катценхајм во периодот меѓу 2008 и 2017 година.
Инцидентот се случува речиси повеќе од два месеца по осквернувањето на еврејските гробишта во Херлисхајм, во декември во Долна Рајна, и на денот кога во Париз и во други француски градови се организираат собири за повик на речиси целата политичка класа.
ФОТО: МИА