Менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк САСА донесе одлука за ново зголемување на месечните примања на сите вработени за пет отсто, почнувајќи од 1 јануари оваа година.
Со ова најново зголемување, како што соопштуваат од компанијата, платите во рудникот САСА ќе бидат и до 30 отсто повисоки од просечните плати во рударската индустрија во земјава.
– Зголемувањето на платите на сите вработени во рудникот САСА започна во април минатата година, кога раководството на компанијата ја објави динамиката по која ќе се одвива овој процес.
– Со најновата одлука за покачување на платите на сите вработени потврдуваме дека остануваме доследни на нашите ветувања и заложби за унапредување на благосостојбата и социјалната сигурност на сите вработени во САСА. И во оваа пригода можам да потврдам дека благосостојбата, заедно со безбедноста и здравјето на сите вработени остануваат наши највисоки приоритети во кои ние и понатаму ќе продолжиме да вложуваме – изјави генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.
– Покрај во покачување и усогласување на платите по работни позиции, рудникот САСА во изминатиов период направи и дополнителни вложувања во осовременување на системите за организиран превоз и исхрана на вработените, како и во останатите сегменти кои имаат влијание врз унапредувањето на вкупните услови за работа во рудничкиот компекс – наведуваат од компанијата.