Владата ќе ги опремува вработените и со таблети. Генералниот секретарјат распиша оглас за прибирање понуди за набавка на 200 таблети. Главен критериум за набавката е најниска цена. во огласот не е дадена проценетата вредност на јавната набавка.
Таблетите, според огласот, треба да бидат повеќејадрени 64 бити со минимум 4 јадра. Да имаат меморија од најмалку 2 гигабајти со можност за сателитско проврзување, но и да поседуваат литиумски батерии, интегрирана звучна картичка и со оперативен систем минимум андроид 8,1. Теблетите треба да бидат со големина минимум 208,5 x 124,5 x 9,2 милиметри и да имаат гаранција од 2 години.
Изборот на компанијата која ќе ги обезбеди таблетите ќе се врши преку електронска аукција и со понудена најниска цена.
Јавното отворање на понудите е на 25 февруари, а рокот за набавката е 15 дена од потпишување на договорот.
Понудената цена треба да ги содржи сите попусти и ДДВ како и царините.