Бебе оперирано заради дефект на р’бетот па вратено во стомакот на мајката

Оваа процедура е досега вршена само во Белгија, но 26.годишната Бетани Симпсон, чиј термин за породување е во април, е една од неколку мајки кои тимот од белгиски и британски лекари ги оперирал во Лондон

396

Во Велика Британија е извршена операција на сѐ уште неродено бебе кое во текот на зафатот било извадено од стомакот на мајката, а по завршувањето на операцијата е вратено во матката. На оваа интервенција ѝ претходела дијагноза на тежок облик на спина бифида, дефект кај кој р’бетниот мозок не се затвара во целост, што може да доведе до големи оштетувања на р‘бетот, комплицирани инфекции, но и парализа.

Оваа процедура досега е вршена само во Белгија, но 26.годишната Бетани Симпсон, чиј термин за породување е во април, е една од неколку мајки кои тимот од белгиски и британски лекари ги оперирал во Лондон, пишува Индепендент.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...