Повеќе од 300 екстремисти на ИД одбиваат да се предадат

98

Повеќе од 300 екстремисти на групата Исламска држава, кои се наоѓаат  во мала област во источна Сирија, одбиваат да се предадат на сириските бунтовнички сили поддржани од САД и се обидуваат да преговараат за повлекување.

Според неименуван извор запознат со преговорите, екстремистите бараат воспоставување коридор до северозападната провинција Идлиб, што е под контрола на бунтовниците.

Сирискиот центра за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека барањето на ИД да се евакуираат нејзините припадници во соседен Ирак, исто така, е одбиено.

Последните екстремисти се наоѓаат во источниот дел на Сирија и се кријат меѓу стотина цивили.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...