Подобрување на соработката помеѓу државите императив на Коморскиот инвестициски форум

119

Како да ја интензивираме економската соработка помеѓу нашата земја и државите од регионот, како да ја подобриме конкурентноста на нашите економии преку поврзување на бизнис заедниците и да ја зголемиме трговската меѓу земјите, обврска што произлегува од Берлинскиот процес за соработка на земјите од Западен Балкан се темите на денешниот состанок на премиерот Зоран Заев со делегација на Коморски инвестициски форум предводена од претседателот на форумот Марко Чадеж.

Премиерот Заев пред средбата, што се одржува во Владата на Република Северна Македонија, истакна дека факт за кој сите се свесни дека е потребно регионалното поврзување и дека сме посилни доколку градиме синергии и настапуваме заеднички.

– Форумот работи активно на економски аспекти на формирање регионална економска зона. Нашите влади ќе бидат посилни и нашите граѓани ќе бидат позадоволни кога коморското здружување ќе изнедрува здрава критика и предлози, но и помош при имплементација на вистинските решенија. Целта е Западен Балкан да продолжи да се поврзува најмногу на економски план бидејќи сакаме граѓаните од нашите земји да ги почувствуваат економските придобивки од нашата соработка, рече Заев.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев подвлече дека економијата, а особено индустријализацијата во државата се одвива во позитивна насока, за што потврда се статистичките податоци, но вели уште поважно е што сите стопански комори од Западен Балкан се здружени.

– Суштински важно е ние прво како регион да соработуваме помеѓу себе, за полесно да соработуваме со ЕУ и со целиот развиен свет, бидејќи на тој начин и помалку ќе тежиме на ЕУ ако ја подобриме соработката помеѓу нас. Императив е да се подобри и забрза соработката помеѓу државите, а пред сѐ помеѓу компаниите во приватниот сектор во регионот на Западен Балкан, порача Анѓушев, кој изрази надеж дека годинава ќе се реализираат 30 нови странски инвестиции во државата.

Претседателот на Коморскиот инвестициски форум Чадеж ја поздрави посветеноста на премиерот Заев на решавањето на политичките проблеми како би овозможил развој на економијата во својата земја и тоа во контекст и време кога во некои земји, вели, се злоупотребуваат клучни стопански теми во политички цели, како што е воведувањето такси и царини (од страна на Приштин за Србија и БиХ) што смета дека не оди во прилог на регионалната соработка.

-Најважно е да пратиме порака како го гледаме остварувањето на планот на единственото регинално економско подрачје, кое не е желба туку е прашање на опстанок и подготвеност за големиот европски пазар, а за тоа бизнис заедницата има јасни барања – не сакаме камионите да  ни чекаат на граница, имаме решение за тоа, вели Чадеж кој е и претседател на Стопанската комора на Србија

Претседателот на Стопанксата комора на Македонија и воедно заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески, рече дека верува во оваа иницвијатива бидејќи има силен спонзор – германската канцеларка Ангела Меркел, како од владите на Јапонија, Австрија и на Швајцарија што го поддржуваат финансиски овој форум, како и на посветеноста на владите од регионот. Низ бројки нагласи дека овие шест комори застапуваат 350.000 компании, размената е околу една милијарда и 560 милиони и се очекува во наредните четири години таа да се дуплира, а со тоа да се создадат услови и за побрза евроинтеграција на земјите од регионот. Се согласи дека споровите во регионот треба да се елиминираат, по македонско-грчкиот проблем.

-Бизнисот е клучот на проблемите на Балканот. Ако се здружиме сите така ќе ја отвориме варатата на ЕУ, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија која денеска одбележа 97 години од своето работење. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...