Подметнати над 50 пожари во северниот дел на Шпанија

59

Во северниот дел на Шпанија избувнаа повеќе од 50 шумски пожари, во чие гаснење учествуваат над 700 пожарникари, а властите во регионот Кантабрија побарале помош и од војската.

Лидерот на Кантабрија, Ангел Ревиља изјави дека 99 отсто од пожарите се намерно подметнати, нарекувајќи ги одговорните „пиромани со болни умови“.

Според него, огнената стихија сериозно го оштетила екосистемот и природата на Кантабрија.

Повеќето пожари избиле во ридестите, рурални предели, каде високите температури и силните јужни ветрови го отежнуваат гаснењето на огнот.

Регионалната влада побарала соработка од јавноста за спречување на натамошни пожари и доколку можат да идентификуваат кое било лице што го подметнало пожарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...