Заев: Грција индиректно го помага Научно-технолошкиот парк во Скопје

Денеска имаме задоволство како гостин да го имаме грчкиот министер за информатичко општество Николас Папас кој доаѓа од пријателска земја за да развиваме заеднички проект што е порака за младите генерации да соработуваат во секоја област на економскиот живот, а особено во дигиталната економија - рече Заев н

84

Грција е земја-членка на Европската унија и партиципира преку Европската комисија во целата поддршка за дигитализација на Северна Македонија, порача денеска премиерот Зоран Заев.

– Ние сме многу среќни и благодарни на сите граѓани на ЕУ, вклучувајќи го и нашиот јужен сосед Грција кој индиректно учествува во овој проект. Денеска имаме задоволство како гостин да го имаме грчкиот министер за информатичко општество Николас Папас кој доаѓа од пријателска земја за да развиваме заеднички проект што е порака за младите генерации да соработуваат во секоја област на економскиот живот, а особено во дигиталната економија – рече Заев на промоцијата на Научно-технолошкиот парк во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...