Прослава по повод словенечкиот културен празник „Прешернов ден“ ќе се одржи вечерва во Кинотека на Македонија, информираат од Словенечкиот центар во Скопје што е организатор на овој настан.
Прославата ќе биде реализирана во соработка со Кинотека на Македонија, Band Replay, Женскиот младински хор при МКЦ, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје, како и Дополнителната настава по словенечки јазик и култура – Скопје.