Русија одговара со реципрочни мерки на санкциите на Вашингтон

162

Москва ќе разгледа реципрочни мерки како одговор на новите антируски санкции на Вашингтон во зависност од тоа какви ќе бидат, изјави денеска советникот во Кремљ, Јуриј Ушаков.

Тој оцени дека засега нема изгледи за подобри односи со САД.

– Според мое мислење, работите се доволно лоши и изгледи за подобри односи, не може да се очекуваат. Ќе видиме какви ќе бидат санкциите и потоа ќе одлучиме како да одговориме, изјави тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...